Бизнисменот Џорџ Хесуани, државјанин на Сирија и на Русија, кого турскиот претседател Реџеп Ердоган го обвини во шверцувани испораки на сириската влада на нафта, добиена од “Исламска држава”, ги отфрли овие тврдења.

20151206.ephhjsdjzp
“Изјавувам дека сириската влада не примила ни еден барел нафта од ДАЕШ ниту од мене, ниту од кого и да било”, рече тој во интервју за ТАСС. Како што веќе беше соопштено Ердоган, повикувајќи се на информации добиени од САД, изјави дека рускиот државјанин купувал нафта од териториите контролирани од ИД, и ја продавал на режимот на сирискиот претседател Башар Асад.

Страв и паника меѓу терористите од “Исламска држава”

Хесуани рече дека сите обвиненија против него се врз основа на една статија пред година на интернет страница на сириската опозиција, поради која го вклучиле во санкциската листа на ЕУ и САД. “Јас веќе се судам со ЕУ”, вели тој и додава дека обвиненијата против него се поради пријателството со претседателот на Сирија Башар Асад.

Бизнисменот доби руско државјанство пред 20 години. Тој живеел во СССР од 1968 год, дипломирал на Ленинградскиот Политехнички институт. Во Москва е канцеларијата на неговата компанија Hesco, која се занимава со изградба на нафтени и гасни објекти, но не и со трговија на горива.

Полемиката за тоа кој купува и на кого продава шверцувана нафта, добиена од заземените од џихадистичката група ИД територии на Сирија и Ирак, се разгоре, откако заменик-министерот за одбрана на Русија Анатолиј Антонов директно изјави дека повисокото раководство на Турција и лично Ердоган се инволвирани во недозволена екстракција и транспорт кон Турција на сириска и ирачка нафта. Главен корисник на оваа украдена нафта е Турција. Вовлечено е и високото политичко раководство на земјата, претседателот Ердоган и неговото семејство, посочи Антонов.

Слични содржини