Претседателот на собранието на Македонија, Трајко Вељановски, ќе го потпише решението за избори на 15-ти април, потврдуваат од неговиот кабинет.

Trajko-Veljanovski

Одлагањето на потпишувањето на решението е со цел да и се даде можност на државната изборна комисија да ги заврши сите активности околу пречистувањето на избирачкиот список и да се обезбедат неопходните услови за кредибилни избори.

“Согласно одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, јас како претседател на Собранието, водејќи се врз основа на уставните рамки за распишување на избори, одлучив Решението за распишување на предвремени парламентарни избори да го потпишам на 15 април, а изборите да се одржат на 5 јуни 2016 година, со единствена цел да се обезбедат услови за фер и демократски избори.

Во оваа пригода сакам да апелирам до секој од вас, до институциите, до политичките субјекти, да го дадат својот придонес за претстојните предвремени парламентарни избори да поминат во фер и демократска атмосфера со што уште еднаш ќе потврдиме дека ги почитуваме и споделуваме европските вредности.”

Ново судско рочиште за „Дива населба“

Ставот на опзицијата по ова прашање е дека една недела нема ништо да смени, односно дека тоа е краток период да се завршат сите проверки на Избирачкиот список за Македонија да има минимум услови за кредибилни избори.

Слични содржини