Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе се сретне  со претседателот на Киргистан Алмазбек Атамбаев, пренесоа агенциите., и со тоа ќе ја прекини долгата  изолација од јавноста.

пут1

Меѓу договорените  прашања  на средбата ќе бидат  и зајакнувањето на билатералната соработка, пред сè во трговско-инвестициската и културно-хуманитарната области, како и во сферата на енергетиката. Се планира  и размена на мислења во контекст на пристапувањето на Киргистан во Евроазисксата  економска унија.

Инаку  целата измината недела одеа шпекулации за исчезнувањето на рускиот претседател, за негова болест , за илегала, и што уште не, но денешното негово појавување треба да ги демантира сите тие тврдења. Како и да е  Путин за првпат,како што велат неговите хроничари , беше скриен од јавноста на подолго време.

Слични содржини