“Русија ги има сите причини да смета дека рускиот Су-24 беше соборен, за да се обезбедат резерви на илегален нафта од Сирија во Турција”, нападна жестоко Путин
Турција го урна рускиот воен авион, за да си ја заштити трговијата на “Исламска држава” со нафтата, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Тој одговори на прашањата на новинарите по учеството во отворањето на светска средба за климата во Париз. “Русија ги има сите причини да смета дека рускиот Су-24 беше соборен, за да се обезбедат резерви на илегален нафта од Сирија во Турција”, изјави Путин, кој додаде дека и натаму продолжува финансирањето на терористите во Сирија. “Сега ние добиваме дополнителни податоци кои потврдуваат дека од нафтените наоѓалишта, контролирани од ИД , оваа нафта во индустриски размери влегува во Турција”, рече тој. Според него нафтата се транспортира кон пристаништата каде се товари на танкери. “Заштитата на Туркменистанци (сириските) е само изговор”, убеден е Путин.
“Сите ние и јас лично многу жалиме, бидејќи јас лично направив премногу за изградба на овие односи (со Турција) во текот на еден подолг временски период. Но има проблеми кои се појавија одамна и кои се обидувавме да го решиме во дијалог со нашите турски партнери “, истакна тој. Во исто време, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој исто така учествува на форумот во Париз, изјави дека ќе поднесе оставка ако се докаже дека неговата земја упувала нафта од терористите во Сирија.
Владимир Путин откри и детали од 30-минутната средба со американскиот претседател Барак Обама, одржан во рамките на форумот во француската престолнина. Тој вели дека има разбирање со американскиот претседател Барак Обама за политичкото регулирање во Сирија, посочи Владимир Путин. Двајцата зборувале за листата со терористичките организации активни во Сирија, и за тактиката на заедничките активности. “Генерално има разбирање каде треба да се оди. Ако зборуваме за политичко регулирање, тоа треба да се работи на нов устав на нови избори и контролата врз нивниот резултат”, истакна Путин.
За возврат американскиот претседател Барак Обама изрази жалење поради инцидентот со рускиот авион Су-24, информира рускиот претседателски портпарол Дмитриј Песков. Според него “Сирија беше третрана во нијанси, Путин и Обама се изјаснија за придвижување напред кон почетокот на политичкото регулирање”. “Зборуваа исто и за Украина, постигнувајќи потребата од најбрзо реализирање на Минск договори”. Песков прецизира дека средбата меѓу двајцата претседатели беше договорена утрината. Таа продолжи половина час и според неговата оценка “беше доволно заситена”. Според новинската агенција Ројтерс американскиот претседател рекол на Путин дека Асад треба да ја напушти функцијата во рамките на политичката транзиција во Сирија. Обама “истакна дипломатското решение на кризата во Украина” и го повтори ставот на Вашингтон дека “санкциите спрема Русија може да бидат откажани во извршувањето на Минск аранжмани од Москва”, изјави претставник на Белата куќа. 30-минутна средба помина зад затворени врати, без присуство на новинари. Средбата не беше предвидена однапред и страните претходно не се договараа . Но претседателите одлучија да ги искористат предностите на меѓународната конференција за да разговараат за актуелни проблеми во двостран формат. Претходната средба на Путин и Обама беше пред две недела на средбата на Г-20 во Анталија, Турција. Таа траеше 20-на минути. Тогаш средбата исто така не беше официјална и помина во паузите помеѓу состаноците. Последните целосни преговори меѓу Путин и Обама се одржаа кон крајот на септември во Њујорк во рамките на јубилејната седница на Генералното собрание на ОН.
Терористите го користат безвизниот режим на Русија со Турција за своето движење, но Анкара не реагира на загриженоста на Москва во однос на ова, изјави Владимир Путин. “Ние одамна сакавме да се обрне внимание на тоа дека претставниците на терористички организации, кои војуваа и се обидуваа да војуваат со нас со оружје в рака во одделни региони на Русија, вклучувајќи во Северен Кавказ, се појавуваат на територијата на Турција”, рече Путин. Москва инсистира Анкара “да ја прекине оваа практика”. “Покрај тоа, ни се утврди дека тие се наоѓаат на територијата на Турската република, живеат во обезбедувани од тајни служби и полицијата области, а потоа го користат безвизниот режим, се појавуваат повторно на наша територија и ние продолжуваме да се бориме со нив”, додаде тој. Претседателот на Русија рече дека овие проблеми се констаирани одамна и Москва постојано го покренува прашањето за нив на ниво тајни служби по т. Нар. Партнерски канали, на ниво министри за надворешни работи и на високо политичко ниво. “За жал ние не гледаме пер реакција на нашата загриженост”, вели тој.
Путин призна дека многу жали за загубата на високото ниво на руско-турските односи. “Мислам дека сите ние жалиме, и јас лично жалам, бидејќи лично сум направил многу за изградба на овие односи за многу време. Постојат меѓутоа проблеми кои се појавиле одамна и кои сме се обидувале да ги решиме во дијалог со нашите турски партнери. Штета што мора да се решаваат во таква ситуација, но вината за тоа не е наша, не е наш и изборот “, истакна рускиот претседател Денес се одржа телефонски разговор меѓу началник на Генералштабот на руската армија ген. Валериј Герасимов и претседателот на Комитетот на генералштабовите на американската армија ген. Џозеф Днфорд. Разговорот се одржаа на иницијатива на американската страна. “Разговорите беа за прашања поврзани со активностите на Русија и предводена од САД меѓународна коалиција во борбата против терористичката група” Исламска држава “во Сирија”, прецизира прес службата на руското Министерство за одбрана. / ТАСС