Рускиот претседател Владимир Путин се појави за прв пат јавно од 5 март на средбата со колегата Алмазбек Атамбаев во Санкт Петербург, пренесоа светските агенции. Путин ги коментираше гласините за лошото здравје со изјава дека “ќе беше досадно без озборувања”, објави Ројтерс. Претседателот на Кригистан Атамбаев коментира дека Путин не само што оди, но и изгледа супер. “Штотуку патувавме со автомобил низ дворот на Константиновската палата. Сам возеше, како што рече, за да нема оазборувања”, рече Атамбаев, цитиран од агенциите.

20150316.mfxzojgiho

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков објави уште дека традиционалната “Директна линија” со рускиот претседател ќе се одржи во пролет и подготовките за неа одат со полн пареа. “Засега претседателот не планира посета на Крим”, додаде уште Песков.

Слични содржини