Сметаме дека дојде време да се разговара за можноста за формирање во иднина монетарна унија“, рече Путин по завршувањето на трилатералната средба со учество на претседателите на Белорусија, Александар Лукашенко и на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, додавајќи дека во текот на разговорот исто така биле дискутирани и прашања за евроазиската интеграција.


Според него, „работејќи рамо до рамо, поедноставно е да се реагира на надворешните финансиски и економски закани и да се брани нашиот заеднички пазар“, пренесува РИА „Новости“.
Путин исто така истакна дека на средбата со Лукашенко и Назарбаев била дискутирана и нестабилната ситуација во светската економија.
Претседателот на Русија изјави дека ги очекува Лукашенко и Назарбаев во Москва на 8 мај.

Слични содржини