Радомир Почуча познат српски ТВ презентер и доброволец во првите борбени редови на Новорусија, како Правда дознава, е уапсен пред два дена од новорусиските власти, имено, безбедносните агенции на DNR.
Официјалното обвинението е подготвување атентат и диверзантски акции, а се верува дека со уште едно лице се подготвувал за убиство на двајца српски државјани, Дејан Вујиќ и Дејан Бериќа.
Покрај Почуча, уапсен е уште едно лице, а тоа е Влада Станиќ за кој се смета дека е соучесник на Почуча, а како пишува Дејан Бериќ на неговата FB страница, убиството било нарачано од Горан Ранисављевиќ Геровац, кој во моментов е во Москва.
Како што открива правда и двајцата се уапсени пред два дена и дадени искази, а им се одземени телефони и компјутери и извадена интернет преписка, која наводно докажува дека тие имале наредба да ја извршат ликвидацијата.