141
Министерот за финансии во Германија беше обвинет за употреба на јазикот на “агитатори и ксенофобијата”, откако ја спореди бегалската криза со лавина, која може да ја проголта Европа, пишува британскиот весник The Times
. Волфганг Шојбле додаде дека лавината е предизвикана од “несериозен скијач”, што беше истолкувано како напад против бегалската политика на германскиот канцелар Ангела Меркел. Изјавите на Шојбле, кој се смета за најверојатен наследник на Меркел, ако таа биде принудена да се повлече поради пад на рејтингот , само додадава бензин на незадоволството кон Меркел што лондонскиот весник го толкува како време на заговори во Берлин.