Вечерва, 16 јануари, по повод 43 роденден на Младинскиот културен центар, по петти пат ќе се одржи роденденска забава отворена за сите.12507550_1126754860667926_2664676422382143478_n

Покрај слатките мафини, гостите ќе бидат почестени со два концерти, изложба, филмска премиера и маратон, како и диџеј сет.

Роденденот започнува во 20:00 часот, а влезот е слободен.

Деталната програма на роденденското мени, во продолжение:

> ОД ДРУГАТА СТРАНА
13 македонски бенда го слават делото на еден од најзначајните бендови на македонската рокенрол сцена – „Падот на Византија“ во сала 25 мај. Настапуваат (по азбучен ред): Autmind Grupata, Bernays Propaganda, GALATHEIA (Теа Шалдева), Demek, Mizar, Милко/Millko,Mooger Fooger Мугер Фугер, Novogradska, PMG Kolektiv, Sasko Kostov,Telonauka Sovrsena, Tempera, Foolish Green Music

> ВО ПОТРАГА ПО ЗАЕДНИЧКО ТЛО
Групна изложба на македонски уметници (поточно единаесет македонски уметници): Славица Јанешлиева, Маја Кировска, Гоце Наневски, Радмила Ончевска, ОПА (Слободанка Стевческа, Денис Сарагиновски), Нада Прља, Игор Сековски, Борис Шемов, Александар Спасоски, Игор Тошевски, Велимир Жерновски, курирана и организирана од Институтот за култура и уметност Арс Акта.
Од Баку, Азејберџан директно во Галерија МКЦ!

> ОБОЖЕНИЕ
Премиера на филм во Кино Фросина. Режијата и сценариото е на Kiril Karakash и Svetislav Podleshanov

> AMPLIDYNE EFFECT
Концерт во Планетариум Amplidyne Effect

> ДИЏЕЈ СЕТ на две кул дами – Христина Шекерова и Violeta Kachakova во Кафе Фросина

> ФИЛМСКИ МАРАТОН
во Кино Милениум (програмата тука: http://kinomilenium.mk/besplaten-filmski-maraton/).

Слични содржини