Рудолф Џулијани веќе не е во трката за државен секретар на САД

од Vladimir Zorba

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп потврди дека поранешниот градоначалник на Њујорк Рудолф Џулијани веќе не е во трката за државен секретар на САД.

– Руди би бил извонреден член на кабинетот, но целосно ја почитувам и разбирам неговата одлука да остане во приватниот сектор, наведе Трамп во соопштение, дополнувајќи дека Џулијани на состанокот на 29 ноември изјавил дека не е заинтересиран за ниту една позиција.

Засега познати кандидати за местото државен секретар се републиканскиот кандидат на претседателските избори 2012 Мит Ромни, поранешниот директор на ЦИА Дејвид Петреус и сенаторот од Тенеси Боб Коркер. Советничката на Трамп Ен Конвеј изјави дека новоизбраниот претседател разгледува уште неколку предлози за оваа позиција.

Слични содржини