По неуспешниот обид за воен удар во Турција претседателот Реџеп Таип Ердоган ќе ги зајакне своите позиции и можеби ќе ја прилагоди надворешната политика на земјата. Тоа го прогнозира претседателот на комисијата за меѓународни прашања на Државната дума, Алексеј Пушков, цитиран од агенциите.

“Според мене Ердоган ќе ги зајакне сега позициите во земјата. Заговорници биле утврдени; по неуспешниот пуч едвај некој ќе се осмели да ја стави под сомнеж неговата власт, ингеренциите и неговото право да донесува одлуки кои смета дека се потребни, бидејќи станува збор за атентат врз законската власт “, изјави денеска Пушков пред руската агенција.

download (6)

Сега е тешко да се прогнозира како обидот за преврат ќе влијае врз надворешната политика на Турција, но последици за неа сигурно ќе има, смета пратеникот. “Според мене Ердоган тешко ќе се откаже од договореното, постигнато со Русија, но по некои насоки може да ја прилагоди својата позиција, особено ако открие дека заговорниците биле во допир со странски држави”, претпостави Пушков.

Одлуката на претседателот Ердоган веднаш да побара поддршка од приврзаниците на законската влада е точна чекор, изјави Франц Клинцевич, заменик-претседател на комисијата за одбрана во горниот дом на рускиот парламент.

“Ердоган, ми се чини, направи многу добар потег. Тој се обрати кон своите приврзаници. Како и да се однесуваат кон Ердоган многумина луѓе од елитата, особено воената елита, навистина има доста голем број објективни претензии кон него, но едно мнозинството жители на земјата го избрале  претседателот и го поддржуваат “, рече пратеникот за телевизијата” Россија 24 “.

Штом започна пучот, Ердоган се обрати на нацијата , каде посочи дека организаторите ќе бидат сурово казнети, и ги повика луѓето да излезат на улица, за да се спротивстават на превратаџиите, појаснува ТАСС.

Многумина турски граѓани ги паметат последиците од четирите претходни крвави воени удари во земјата кои доведоа до ред социо-економски проблеми. Според зборовите на Клинцевич Турците излегле на улица, го поддржале  претседателот, ги подигнале демократските слободи во земјата, и со тоа можеби спречиле уште поголеми крвопролевања.

“Не гледам идна разврска”, истакна рускиот сенатор. “Мислам дека ќе има сериозна чистка во армијата, многу луѓе ќе бидат уапсени, без никакво сомнение претстојат многу кадровски поместувања,  со оглед на фактот дека бунтовниците преговараат со мнозина команданти”, додаде тој.

“Проблемите во армијата ќе се премногу. И убеден сум дека во најскоро време ќе научиме многу неочекувани работи и најважно, (ќе видиме) манифестации на т.н. Турска толеранција. Мислам дека за многумина ова ќе заврши со многу долги затворски казни, можеби и со егзекуции “, додаде Клинцевич.

Слични содржини