Противењето на унгарскиот премиер Орбан во ЕУ е причината што не се воведени санкции против авторитарниот режим во Скопје, пишува германскиот печат. Вклучување на Берлин – резултат на потфрлањето на ЕУ- пренесува DW.

gruevski-orban1-500

Во Македонија, Брисел и во западните амбасади во Скопје никој веќе не паѓа на „финтите“ на Груевски, пишува весникот Зидвест пресе во анализата за случувањата во Македонија под наслов „Со боја и свирчиња против режимот“.
„’Уставните грижи’ ни досега не го спречуваа Груевски да лажира избори и да го злоупотребува судството, вели дипломат на важна земја која не е членка на ЕУ“.
(…) Меѓународните протести против амнестијата досега беа напразни. Груевски и самиот тврди дека е ‘изненаден’ од одлуката на шефот на државата. И тој самиот се залага да бидат истражени обвинувањата. Самиот претседател, пак, тврди дека тој нема законска можност да ја повлече амнестијата: тој останува на амнестијата, а игнорираниот Хан (Јоханес, н.з.) се повлече. Единствен медијатор сега е дипломатот Јоханес Хајндл, кој беше именуван како личен пратеник на шефот на дипломатијата Франк-Валтер Штајнмајер.

Сепак сите надежи на режимот во меѓувреме тонат. Трите храбри специјални обвинителки продолжуваат со својата работа. ‘Поради амнестијата повеќе не смееме да ги истражуваме кривичните дела. Но смееме да го следиме текот на парите од криминалните дејствија’, вели обвинителката Ленче Ристовска“.

Повеќе ТУКА

Слични содржини