СДСМ ќе поднесе кривични пријави против министерот за финансии, Кирил Миноски и против заменик министерката за правда, Билјана Бришковска.

Миноски ја издал еврообврзницата противзаконски спротивно на член 18 став 6 од Законот за јавен долг.

7982-SDSM-ZNAME1-670x423

Бришковска неовластено присуствувала на конференциската врска со инвеститорите кога е договорено 450 милионското финансиско злосторство врз граѓаните.

Ова вчера лично го призна министерот за правда, Валдет Џафери.

Миноски и Бришковска ја злоупотребиле службената должност, незаконски ги задолжија граѓаните на Р.Македонија и ќе мора да понесат одговорност.

Првиот како одговорен за самото издавање, втората како службено лице кое не било овластено да изврши определено дејствие.

Еврообврзницата од 450 милиони евра е незаконска и СДСМ ќе продолжи да ја оспорува како законски јавен долг.

Освен за Миноски и Бришковска и за останатите инволвирани учесници по разјаснувањето на причините за нивното учество во оваа незаконска постапка, ќе следат пријави.

Слични содржини