СДСМ нема да дозволи криминални избори

од Vladimir Zorba

silegov10

Во текот на вчерашниот ден од страна на Државната изборна комисија, Собранието и пратеничките групи се известени за тоа дека немаме законски паритет во изборните единици и очекуваме дека во текот на наредните денови тоа прашање ќе биде разрешено, рече Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Дали во преговорите ќе бидат вклучени претставници од Шарената револуција или можеби од други партии?

Преговорите кои што ги водевме во изминатиот период и коишто финишираа со склучување на овој завршен договор беа преговори во кои што ние ги браневме позициите не само на Социјалдеморатскиот сојуз туку и на целокупната слободарска и деморатска јавност во Република Македонија по пат на вршење на консултации. Вие знаете дека и со коалицијата „Граѓаните за Македонија“ и со Шарената револуција усогласувавме ставови со кои што излегувавме со цел да обезбедиме неопходен минимум за одржување на слободни, фер и демократски избори. ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски прават се за до такви избори да не дојде. СДСМ нема да дозволи да имаме криминални избори во државата, одговори Шилегов.

Застапеноста на жените како ќе биде?

И досега согласно законските прописи, СДСМ на сите свои листи, на сите нивоа, го следеше тој момент, рече портпаролот на СДСМ.

Слични содржини