СДСМ предложи, а ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против претставници на медиумите и на новинарските здруженија да учествуваат во преговорите на работните групи, кои разговараат за проблемите во медиумите. Роберт Поповски, претседател на работната група на СДСМ за медиумите, денеска на прес-конференција пред Клубот на пратеници рече дека предлогот медиумите и невладините организации да учествуваат во преговарачкиот процес ќе го стави на изјаснување пред претставниците на политичките партии.

dimovski-i-robert-1-860x680

Илија Димовски, преговарач од ВМРО-ДПМНЕ, вели дека ќе постапат така како што ќе се договорат политичките партии во Клубот на пратеници, но се сомнева во искреноста на намерите на СДСМ.

– Овој предлог ќе биде доказ за тоа кој е за демократија, а кој не. Ние редовно имавме консултации со новинарските здруженија, кои ги информиравме за сè она за што се преговара во Клубот на пратеници – изјави Поповски.

Тој рече дека СДСМ останува и понатаму зад нивните предлози за целосна департизација на телата што ги регулираат медиумите, како што се Агенцијата за медиуми и МРТВ. На прашањето од каде ги црпат идеите за овие предлози, Поповски рече дека нивните предлози се понудени врз основа на извештаите на Прибе, ОБСЕ и на ЕУ.

Димовски рече дека ВМРО-ДПМНЕ е категорично против овие предлози и дека нема да прифати цензура во медиумите без разлика од која партија доаѓа предлогот.

„Телма“: Не им се е приклучивме на „Алфа“, „Канал 5“, „Сител“ и на „Алсат“ оти уште се преговара

– СДСМ предлага закони со огромни казни за новинарите и за медиумите. Тие сакаат нивни човек да раководи со институциите задолжени за регулирање на медиумите и само тој да одлучува кој прилог е добар, а кој не. СДСМ со овој предлог сака да нè врати 40 години наназад. ВМРО-ДПМНЕ е за саморегулација во медиумите, преку стандарди предложени од новинарската бранша, либерализација на пазарот и стандардите од ЕУ – изјави Димовски.

Како што рече тој, ВМРО-ДПМНЕ дала предлог да се прифати кој било закон од 20 земји-членки на ЕУ и целосно да се преземе во македонското законодавство.

Преговорите на работните групи посветени на медиумите продолжуваат во Клубот на пратеници.

 

МЕТА

Слични содржини