Синоќешните протести го радикализираа отпорот. Сè повеќе луѓе на улиците и сè поголемо незадоволство и револт кон одлуките на власта сами да се помилуваат за криминалите. Протестантите вчера кршеа и демилираа излози, ја запалија фотељата на претседателот Иванов на симболичен начин надвор од неговата канцеларија, и се судрија со полицијата. Се палеа и слики на Иванов.12969298_10206401881062203_1112110590_n-860x68012718040_10209364266518852_5545604200876839564_n-640x320 (1)

naslovnaHorhe (1)Епилогот е целосно демолирана Канцеларија на претседателот во центарот на Скопје, искршени прозорци на Министерството за правда, жестоки судири со полицијата и приведени  12 демонстранти, повреден новинар и фоторепортер.

Приведени десетина демонстранти во центарот на Скопје1460574519920841 (1)

И вчера демонстрантите против одлуката на Иванов колективно да помилува 56 лица, првин тргнаа од пред зградата на СЈО како знак на поддршка, а потоа се упатија кон Канцеларијата на претседателот, пред Парламентот, и беа спречени да отидат пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ.

12992077_10154115442829932_40216290_n

Нешто повеќе од три часа илјадници демонстранти во центарот на Скопје неуморно скандираа „Нема правда, нема мир“, „Оставки“ , “робија за криминалците“.

Барањата се: Оставка од претседателот Иванов, повлекување на неговата одлука за аболиција, техничка влада која ќе ја извади државата од криза и ќе организира фер и кредибилни избори.

770685179570e8a2e80543105706646_v4_big

Хронолошки  гледано: откако во 18 часот граѓаните со аплаузи и скандирања ги поздравија обвинителите во Специјалното јавно обвинителство, тие се упатија кон Канцеларијата на Претседателот на Рекорд. Таму, канцеларијата беше буквално демолирана. Демонстрантите со јајца, пластични шишиња и факели, петарди фрлаа кон Канцеларијата, потоа беа скршени прозорите, а се палеа и фотографии од Иванов.

12988090_10154115216159932_419455735_n

Демонстрантите велат дека бараат сите кои сториле криминал да одговараат за своите дела, а Иванов да престане да ја опструира работата на Специјалното обвинителство кое отвори неколку истраги за сериозни криминални дејствија. Час и половина демонстрантите беа спречени од кордон на специјалци протестот да го продолжат кон Собранието. gdom-3

Причината беше што истовремено и пред Собранието се одвиваше контрапротест на ГДОМ  за поддршка на Иванов и против Заев кои беа носени под наредба и со автобуси од повеќе градови.

avtobusi

Откако контрадемонстрантите оддржаа говори пред Парламентот, па се префрлија пред седиштето на СДСМ, специјалците дозволија демонстрантите од кај Канцеларијата на Претседателот да продолжат кон Собранието.

12980418_10154115323539932_2121720385_n И таму ги пречекаа специјалци, на кои демонстрантите им извикуваа “Засрамете се“, „Кого штитите“?  По половина час, откако демонстрантите решија да продолжат кон штабот на ВМРО-ДПМНЕ настана судир со полицијата. Демонстранти се обидуваа да го пробијат кордонот, се фрлаа лименки, петарди, вода и пластични шишиња, но обидот беше неуспешен. Тука имаше неколку повредени.

Револтирани од фактот дека се спречени да протестираат пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, дeмонстрантите се вратија кај Канцеларијата на Претседателот и Mинистерството за правда кои беа демолирани целосно. Демонстрантите ги кршеа прозорите на двете институции.

Во турканиците настрада и новинарот на Плус Инфо Горан Наумоски, кој е удрен со пендрек во главата и е пренесен со возило на Итната помош во Градската болница.

13007309_1753896868173928_2789196706880882518_n-768x768Со водени топови и засилени кордони, специјалците ги блокираа сите пристапи до штабот на владејачката партија, што предизвика уште поголем револт кај демонстрантите. Во растерување на толпата, приведени се 12 демонстранти, а има и повредени фоторепортери и активисти. 12992313_10154115443964932_2104020717_n1460574519920841 (1)

По три и пол часа протест  и судири полицијата  успеа да ги растера граѓаните во различни правци, со што протестот заврши околу 22 часот.12991005_10153693644311701_8309889531668530743_n

Контрапрпотестантите иако во значителен број немаа судири со полицијата и по говорите и соборањето пред седиштето на СДСМ со автобуси и комбиња се вратија во своите градови , без никакви инциденти.

Останува најавата дека демонстрациите продолжуваат  и денеска од СЈО во 18 часот.

Слични содржини