79
Сè уште не е одреден конкретен датум за првиот состанок на рускиот претседател Владимир Путин и избраниот претседател на САД, Доналд Трамп.
Ова го изјави советникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.
– Секако дека состанокот помеѓу двајцата лидери е можен, но кога тој ќе се случи, не е познато – изјави Ушаков.
Путин и Трамп првпат разговараа на телефон пред две недели, кога се договорија да ги продолжат контактите со можност и за лична средба.