Ако пред неполн месец се негираше дека се преговара и се прави некаков пакет со оваа „преодна влада“ без Груевски,  да се протне и името, сега се потврдува дека сепак имало тука  приказна. Непознато  е само како ќе се спакува. Груевски многупати ги изигра страците и ги прелажа со името , но овојпат никој повќе.е не е навивен, и баш и не се верува на неговата понуда и можните пакети. Неговиот министер Поповски во четврток првпат по 15 години оди за Атина. Ваква посета  не е за мигрантската криза сигурно, а дека ќе се зборува и за тоа не е спорно. За (не)среќа сега Грците тука во Скопје  ја отвораат темата име, иако  таму доле од Солун до Атина  името и воопшто не е дневна тема туку парите. мкд голема
Речиси сите медиуми по брифингот кај Грците едногласно најавуваат „Грција ќе презентира нови идеи за надминување на спорот за името за време на посетата на македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, на Атина в четврток.Значи не заборавете Грција е таа!

Според грчки извори, шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, на средбата со Попоски ќе му презентира идеи за надминување на спорот, кои исто така ќе му бидат доставени и на посредникот во спорот за името од ОН, Метју Нимиц. Притоа се подвлекува  строго дека   грчката страна нема да даде конкретен предлог за решавање на спорот, туку само идеи!

Сепак, како што наведуваат  бриферите , грчката страна не очекува да биде постигнато решение за името до изборите во април.Значи само кажува дека има предлози на маса. Како потврда дека се преговора и има воља за менување  се и изјавите  не само од грчките брифирани информации .Во пресрет  на посетата на Атина Попоски во интервју за „Катимерини“ и „Реал“ вели дека условите за решавање на спорот за името се повеќе од созреани.

124894 (1)

„Имам длабоко чувство дека имаме направено еден куп компромиси, како што се промената на Уставот, на знамето, прифаќањето на понижувачкото привремено име во ОН и слично. Од друга страна, каталогот на посакувани отстапки изгледа бескраен, додека пак, се забораваат претходните обврски како што е онаа да не нѐ попречуваат во НАТО и ЕУ. Сепак за успешен исход треба да ни се даде впечаток дека не ни ја барате и душата. И вие и ние сме горди народи. Не треба успехот на посилниот да се бара врз грбот на соседот“, вели Попоски за „Катимерини“. Притоа тој уверува дека посетата на Атина нема да биде само формална, бидејќи се работи за прва официјална посета на шеф на македонската дипломатија по повеќе од една деценија.Името не го даваме, ама Кери нешто како да средуе со Ципрас

Попоски  во интервју за „Франс 24“  за тоа дали очекува Грција да се повлече од своите барања и блокадите, одговара  дипломатски и остава простор и за другата страна да се чувствува волна за преговори.poposki-33-

„Не изгледа така. Ние сме во процес во кој сме ангажирани и имаме јасен интерес да постигнеме компромисно решение со Грција. Компромисно решение треба да значи почитување на меѓународното право, а не почитување на волјата на народот кој живее во земјата.., изјави Попоски за „Франс 24“.

Точно на почетокот на месецот Локално.мк објави дека мисијата на американскиот државен секретар за преговорите за името не запира . Тргна од ОН а заврши со посетата на Атина.

Тогаш напишавме дека не е случајно соопштенито на Стект департментот кое гласеше вака:

„Ние работиме со Грција на многу полиња од борбата против милитантите на ИД до прашањето за името на Македонија“, соопшти Стејт департментот.

Ова последното е особено интересно , кометоравме тогаш ,  дека Кери сигурно сам по свое без изим на македонските власти не би можел да преговара за името,  за Македонија !?

Кога американскиот државен секретар , преговара за името , сигурно мора да има некаков документ пред себе од Македонија , макар нон пејпер во рака дека властите во Македонија се согласни да го менуваат името. Такво нешто во јавноста немаше и, нема ниту дебата, и напротив се демантираше!?cipras-keri-1-300x171-1

Поголема меѓународна инволвираност околу решавањето на спорот со името се разгореа по средбите на грчкиот премиер Алексис Ципрас со американскиот државен секретар Џон Кери во зградата на Обединетите нации во Њујорк. Ципрас на билатералните средби во октомври , кога разменувале мислења за ова прашање и со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун

Името не го даваме, ама Кери нешто како да средуе со Ципрас

Инаку  целиот пакет дека се преговара многу интензивно, по (не)намерното пуштање од Стејт департменото, оди исто и со  интервјуто на Нимиц за грчки „Катимерини“ во кое тој подвлекува дека од генералниот секретар на ОН му е даден рок од 15 месеци да го заврши спорот за името.

И сега излегуваат насловите, не дека од наша страна има нон-пејпер документ за можни решенија , туку Грците вадат дека тие имаат сет на мерки и понуди за нови идеи за името.

мкд гр

Дали сама Грција ги подготвила овие а нови идеи за постигнување компромисно решение за спорот со името, е сосем небитно, важното е дека овие идеи до крајот на годинава грчката дипломатија ќе ги презентира пред Обединетите Нации и сите заинтересирани страни со цел за нив да се отвори дебата.Се разбира се тоа , како и до сега  ќе се одвива во доверба, далеку од очите на јавноста.Грците  и не кријат  дека за ова ќе стане збор на средбата на министрите за надворешни работи Никола Попоски и Никос Коѕијас в четврток во Атина.

Најверојатно како што тогаш објавивме, Груевски треба да биде „чист“ во овој процес ама не и неговите министри , претседателот Иванов кој ќе биде истурен напред , а ќе треба да го изгласаат пратениците на овој парламент на заминување.Такви се претпоставките, ако тргне.

За референдумот на Груевски може да се изигра , во пакет демек за прием во НАТО, а тоа потоа би било нешто слично како деновиве со Црна Гора и Нато. „Изумот на Мило“- не мора да се оди на изјаснување и рефендуми кога пратениците се нели гласот на народот!

Според грчките извори, не се очекува каков било напредок пред парламентарните избори во Македонија до април. Официјална Атина смета дека дебатата за нивните идеи за решение на спорот ќе се води со секоја актуелна влада во Скопје затоа што не може да се чека идеален политички момент во девте земји, а вечно нема да чекала   ниту меѓународната заедница.

Како и да е со ова паѓа и најголемот опијат за народот, на  кој постојано се поикува власта на Груевски- не преговараме и не го даваме името! КОј знае тоа може да е само најавата и терен за новите дечки во владеачката партија, или предизборно уривање на нечии позициите, ама има, има  пазар со името.

Слични содржини