91
Колку повеќе санкции САД и нивните сојузници ќе и наметнуваат на Северна Кореја, толку повеќе ќе работиме на исполнувањето на нашите планови за нуклеарната одбрана, наведе неименуван портпарол на севернокорејското Министерство за надворешни работи.
Портпаролот, најновите санкции кои Советот за безбедност на ОН и ги наложи на Северна Кореја ги оквалификува како „најзлобен, неетички и нехуман непријателски акт со цел истребување на народот на Северна Кореја, а да не го споменуваме нејзиниот систем и Владата“.
Претходно, Советот за безбедност на ОН едногласно ја усвои резолуцијата, подготвена од страна на САД, со што се воведоа остри санкции против Пјонгјанг./МИА