Северна Кореја: Ники Хејли е политичка проститутка

од Vladimir Zorba
111 прегледи

 – Властите на Северна Кореја американската амбасадорка во Обединетите нации Ники Хејли ја нарекоа „политичка проститутка“ во реакцијата на нејзината изјава дека Пјонгјанг едноставно моли за војна.

– Американската администрација ќе мора едноставо да ја плати вистинската цена за нејзините зборови. Ники би требало да припази на јазикот, соопштија властите во Пјонгјанг.

Хејли пред неколку дена во Советот за безбедност на Обединетите нации упати критики на сметка на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

– Што е многу многу е. Војната не е нешто што САД го сакаат. Но трпението на нашата земја не е неограничено, изјави Хејли, додавајќи дека ОН треба да преземат „најсилни можни мерки, а не полумерки“.

Слични содржини