Анкетната комисија в среда на 9 декември ќе го сослуша Никола Груевски, в четврток ќе бидат сослушани Мартин Протуѓер и Зоран Ставрески, на 11 декември ќе биде сослушан Сашо Мијалков, на 14 декември Гордана Јанкулоска, а на 15 декември Миле Јанакиески, најави денеска претседателот на комисијата Петре Шилегов.тројка јанк

– Во текот на денешниот ден како претседател на Анкетната комисија преку целиот ден се обидов да направам координација со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за да можеме да го составиме редоследот на сведоците кои треба да се појават од среда па натаму на сведочење. За жал не успеавме, рече Шилегов на денешната прес-конференција и додаде дека  ниту еден од прозваните сведоци за сослушување не се произнесе писмено за кога може да присуствува на сослушувањето.

Бидејќи немаме никаква писмена конфирмација, нагласи, како претседател на комисијата согласно деловникот за работа го соопштив редоследот на сослушување на сведоци.

– Седниците ќе се одржуваат секој ден од 11 часот до кога ќе трае сослушувањето на сведоците. Воедно овој распоред согласно деловникот е јавен повик до лицата во посочените термини да се јават пред Анкетната комисија и да дадат сопствена изјава за фактите, околностите, меѓутоа и за содржината за објавените прислушкувани разговори, рече Шилегов.

Слични содржини