Бегалците запалија хемиски тоалети, нападнаа полицајци со камења, тие им одговорија со солзавец
Мигранти почнаа да пристигнуваат на објавените од француските власти места каде ќе се ослободи бегалски камп Кале, познат како “џунглата”, пренесе АФП. Мажи и жени со куфери и бандаж се собираат пред магацин, кој служи за главен штаб на операцијата.Од 6000 до 8000 мигранти ќе бидат преместени во прифатни центри во земјата, објави БНР.
Кампот Кале, познат како “џунглата”, претставува метеж од шатори и контејнери и жителите ќе треба да го напуштат, бидејќи француските власти ќе го започнат уривањето денес.
се очекува автобуси да пренесат илјадниците жители на кампот, вклучувајќи 1290 непридружувани деца, кон привремени центри за сместување. Бегалците се претежно од Судан, Еритреја, Етиопија и Авганистан.
Повеќето од мигрантите и бегалците живеат со месеци, па дури и години, во кампот. Некои од нив ќе одбијат да го напуштат: “Не сакам да одам на друго место. Сакам да бидам тука во џунглата, што и да се случи. Ако почнат протерувањето утре, за да уништат џунглата, јас ќе бидам тука. Бездомник сум, но не сум во ќор-сокак, бидејќи знам што правам. знам дека еден ден ќе појдам до Канада “, изјави Ибрахим, бегалец од Судан.
Според локалните власти се очекува операцијата за ослободи да потрае цела недела. Во текот на изминатата ноќ во кампот избувнаа судири меѓу мигранти и полиција .Жителите на кампот палеа хемиски тоалети и ги гаѓаа полицајците со камења, на што тие одговориле со користење на солзавец.