Сириската борбена авијација ги доби од Русија првите два фронтовски бомбардери Су-24М2, предадени за зајакнување на ударните можности, соопшти вчера Зен Адра за интернет-порталот ANM, потврдено денес од сајтот “Воениј информатор” .Модернизираните фронтовски бомбардери Су-24М2 се предадени од руските ВКС. Не е познато од кој аеродром ќе оперираат, можно е да останат во Хмејмим.
Според непотврдена информација ќе бидат предадени дополнително уште 8 борбени машини од овој тип.
Овој потег на руското државно раководство не е изненадување. Во првата половина на јули сириската авијација загуби два ударни авиони – Миг-21 и Су-22М3. Причината е дека сириските авиони не се опремени со напредни целни системи за бомбардирање од голема височина, а џихадисти поседуваат ПВО ракети.
Изборот на авионот, исто така не е случаен: Прво, модернизираните Су-24М2 ги докажаа високите борбените квалитети во Сирија. Второ, сириските ВВС добиле 13 такви бомбардери во 1989-1992 година и иако веќе да не се наоѓаат во летачка состојба, тие се добро познати, има и пристојно искуство кај пилотите и техничкиот состав. Останува тие да ги проучуваат новите системи на авионот и да ја обноват летачката подготовка со руски инструктори.
Очигледен е обидот РФ се повеќе да ја пренесува улога и одговорност на сириската армија, особено по дадените жртви.