Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, најостро ги демантира наводите на одредени медиуми дека ова Јавно обвинителство правело било каков притисок врз сега покојниот Коста Крпач.

sjo

Ве известуваме дека лицето Коста Крпач доброволно се јави во ова Јавно обвинителство и истиот имаше својство на сведок во рамки на една предистражна постапка. Соработката со сведокот беше беспрекорна и се работеше за исклучителна личност, така што веста за неговата смрт ги погоди сите вработени во ова Јавно обвинителство. Во оваа прилика, сакаме да изразиме длабоко сочувство до членовите на семејството на сега покојниот Коста Крпач.

Воедно Ве известуваме дека ова јавно обвинителство поседува докази за многу релевантни околности, вклучително и за притисокот под кој се наоѓаше лицето Коста Крпач, но со оглед дека се работи за исклучително доверливи информации, истите нема да бидат соопштени на јавноста во овој момент. Секако, доколку се јави потреба ние сме отворени за соработка со органите на прогонот кои ја испитуваат смртта на сега покојниот.

СКУП ги открива имотите на политичките партии: од ниви и пасишта до луксузни станови и згради

Во оваа прилика сакаме да појасниме и дека пред ова Јавно обвинителство никогаш не била водена кривична постапка против сега покојниот Коста Крпач и истиот никогаш немал својство на осомничено лице. Од тие причини за нас нејасна е одлуката на Претседателот на Република Македонија да го помилува токму ова лице и сеуште чекаме одговор на поднесеното барање за достава на податоци од каде му се информациите на Претседателот на Република Македонија дека наводно против ова лице се водела кривична постапка.

Предвид наведеното би сакале да им укажеме на одредени медиуми да се воздржат од објавувањето на тенденциозни натписи и непроверени информации, кои не само што фрлаат невистинито светло на настаните, туку истите се на штета на утврдување на вистината и задоволување на правдата. Воедно повторно апелираме до сите медиуми пред објават било каква информација, да го исконтактираат ова Јавно обвинителство, со цел проверка на информациите кои планираат да ги објават, особено имајќи предвид дека ова Јавно обвинителство доследно го почитува начелото на транспарентност и во рамки на можностите, секогаш е отворено и достапно за соработка.

Слични содржини