СЈО води предистрага и за други „бомби“ на „слободниот пазар“ – СЈО во „Правда и неправда“

од desk4
210 прегледи

СЈО има запленето материјали и од други извори, околу 100.000 фајлови и тие се во финална фаза на анализирање, вели Катица Јанева.

-Во однос на тие објавени разговори на Јутуб имаме постапки, побарани се по меѓународна правна помош ИП адресите од каде се објавувани. Тука се работи за материјалите од Чауш и од Љупчо Палески, рече Јанева.

Таа додава дека секогаш постои предистрага за тоа уште колку необјавени бомби има на слободниот пазар во Македонија или пошироко и премногу е рано да се коментира.

Специјалната обвинителка Лиле Стефановска вели дека „најприсутни“ во бомбите се Миле Јанакиески, Гордана Јанкуловска, Драган Павловиќ-Латас. Во разговорите, еден од многу слушаните е и Влатко Мијалков.

-Има повеќе предистраги. Се дослушуваат разговорите што се однесуваат на него, се прибираат материјални докази, изјави Јанева.

Осомничениот Срѓан Керим од СЈО заминал за Хрватска- делата не застаруваат!

 

Специјалната Јавна обвинителка Катица Јанева во вечерашото гостување на 1Тв, најави нови случаи, за кое вели дека се перефектно обработуваат и добар дел подготвени. Од нови предмети од   новите преслушувања  на прислушуваните материјали се нижат  предметите „Палевски-Панчевски “, „Империја“, „Поштенска Банка“, „Скопје 2014“, „Гасовод“, „МПМ“.

Во однос на Срѓан Керим поранешниот прв човек на МПМ Македонија и директорката Јана  Станисављева  е кажано дека се обвинети од СЈО и затоа се сослушани и дека е точно дека Керим веднаш по сослушувањето ја напуштил Македонија и се преселил во Хрватска. Тој најавил дека ако треба ќе му биде достапен на судот. За второобвинетата Станисављева имале сознанија дека таа била во Македонија и не ја напуштила државата.Обвинителката Лила Стефанова рече дека тие се товарат за лажниот стечај „Графички центар“ и МПМ.

Слични содржини