Облачно и претежно тивко со слаб локален дожд. Појава на магла има во некои котлини, но со слаб интензитет, додека во Тетовско и Крушево хоризонталната видливост е намалена на помалку од 500, односно 200 метри.

 dozd-cador

Во текот на денот Променливо облачно, претпладне со слаб локален дожд, на планините со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец.Највисоката дневна температурата ќе биде во интервал од 9 до 15 степени. 

Во Скопје: Претпладне облачно со услови за слаб краткотраен дожд, попладне променливо облачо. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во см) ИЗМЕРЕНА ВО 07 часот: 61 Маврови Анови, 17 Лазарополе.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа  (во л/м2): 7 Охрид, Дебар, Тополчани, 5 Лазарополе, Маврово, 4 Битола, Пожаране, 3 Скопје, Куманово, Д. Капија, Берово, Крушево, 2 Тетово, Прилеп, Кавадарци, Претор, Пожар, 1 Штип, Струмица,К. Паланка

 МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ0 Лазарополе, Маврово, Крушево, 2 Берово, К. Паланка, Претор, 3 Охрид, Дебар, Дојран, 4 Прилеп, 5 Битола, Штип, Куманво, Тетово, Виница, 6 Скопје, Струмица, Кавадарци, Д. Капија, Гевгелија.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:

Утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Од среда нашето подрачје ќе биде под влијание на серија влажни и релативно топли воздушни бранови кои ќе условат нови врнежи од дожд, кои на места се очекува да бидат пообилни, особено во среда и петок попладне кога локално се очекуваат околу 30л/м2. Ќе дува умерен, повремено и засилен југоисточен ветер. Во четврток попладне можен е локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено на исток и југ од земјава.

 

Слични содржини