143
Новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски донесе одлука со која сите пренесени овластувања од министрите за внатрешни работи престануваат да важат, што всушност значи дека министерот ги враќа овластувањата кај себе.
Министрите за внатрешни работи дел од сопствените овластувања ги пренесуваат на началниците на одделни сектори во министерството, како и во секторите за внатрешни работи низ градовите во државата. Со оваа одлука Спасовски како министер си ги враќа сите овластувања кај себеси.
Фотографијата од оваа телеграма ја објави порталот Прес24, а се уште нема официјален коментар од МВР за одлуката, како ни за понатамошните потези на Спасовски.