Спасовски:Овластувањата во МВР се одземени за да се спречат злоупотреби

од Vladimir Zorba
144 прегледи

Опозициската СДСМ денеска соопшти дека „нема никаков хаос во Министерството за внатрешни работи туку воведување законски ред и обезбедување целосно почитување на законите, транспаретното и одговорно работење на МВР во интерес на граѓаните“.

spasov-36-

– Одлуката на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека престануваат да важат сите пренесени овластувања од министрите кои раководеле со МВР од денот на изборот на новиот министер е за да се спречат сите злоупотреби, се вели во соопштението од СДСМ.

Според СДСМ, преку проектот „Вистината за Македонија“ „граѓаните ги слушнале  злоупотребите во МВР, како незаконското прислушување и функционирањето на Министерство како штаб на ВМРО-ДПМНЕ за време на изборите“.

– Нема веќе злоупотреба на државните институции. Министерството за внатрешни работи, како државна инситуција, ќе им служи на сите граѓани во Македонија, а не само на една партија како досега, наведува СДСМ.

Слични содржини