Специјалната обвинителка Катица Јанева испратила известување до Советот на јавни обвинители дека ќе работи повеќе од 30 предмети. Ова е нејзино трето барање за избор на нејзиниот тим и им укажува на членовите на СЈО дека и се потребни сите помошници кои ги барала бидејќи ќе има многу предмети од бомбите.

katica-janeva

Советот на јавни обвинители пак останува на ставот дека изборот на обвинители во тимот на Катица Јанева е завршена работа и дека засега нема потреба од седница за комплетирање на тимот, бидејќи нема нови околности, изјави претседателот на Советот, Петар Аневски, по денешната промоција на публикациите за антидискриминација во Академијата за судии и јавни обвинители.

– Тоа е одлучено, определен е бројот на јавни обвинители и имаме објавено во Службен весник. Избрани се седум јавни обвинители од тоа обвинителство и со специјалниот јавен овбвинител се осум, што е сосема доволно за да се почне со работа. Второто обраќање од обвинителката е повторно со истите имиња и нема никакви нови околности. Мислам дека непотребно се крева тензијата. Обвинителите требаше да дадат свечена изјава, меѓутоа таа упати апел да не доаѓаат, што е невидена работа досега во Советот. Мислам дека треба Специјалното јавно обвинителство да почне да работи, а во иднина да се размислува за зголемување на бројот на јавни обвинители – рече Аневски.

Инаку неделава  ќе биде отворена сметка за Специјалното јавно обвинителство со овластен потпис од специјалниот јавен обвинител, најави на денешната прес-конференција министерот за финансии, Зоран Ставрески.

– Одлуката треба да помине на владина седница и на 2 ноември да се усвои во Собранието, при што одобрените средства од буџетот ќе легнат на сметката и ќе можат да се користат – рече Ставрески.

Слични содржини