Автобуска станица е заглавена, првите толпи стигнаа Едрене

20150916.mphhwtsbva

Стотици бегалци кои ја  окупираа меѓународната автобуска станица во Истанбул. Според турски медиуми околу 2 илјади лица се во очекување да пристигнат  кон западните граници на Турција со Грција и Бугарија.Но полицијата не им дозволува на мигрантите  да патуваат. со автобуси. Луѓето – мажи, жени, деца, меѓу кои и бебиња   лежат  на земјата. Областа околу автобуската станица   исто е затнат. Други групи мигранти  распнале  шатори крај автопатот за Капикуле недалеку од градот Едрене. Турските власти не им дозволуваат да стигнат до граничниот премин за Бугарија и Грција. Но и покрај тоа одбиваат да се вратат назад, надевајќи се дека ќе им дозволат да ја преминат  границата во Грција или Бугарија и оттаму  за во Европа. Големи групи бегалци од Сирија и Ирак тргнаа пеш од Истанбул за Едрене, откако турската полиција ги застана патничките автобуси за Одринскиот регион во обид да  ги запрат мигрантите кои сакаат да стигнат до Бугарија или Грција во копнените граници, зашто патот во морето крие повеќе опасности. Околу 800 луѓе, жени, мажи, деца одат  пешки по автопатот. Пред влезот за градот Едрене властите ги запреа и не им дозволија да стигнат до границата. Тогаш тие распнаа шаторите. Од  општината  им обезбедија вода и храна на бегалците. При распределбата на храната сепак избувнале кавги. Гувернерот на Едрене Дурсун Али Сахин, рече дека претходната ноќ т околу 4.500 бегалци требало да се вратат назад, а  околу 1.000 бегалци веќе се наоѓале во Едрене

Слични содржини