Студентскиот пленум правдата за студентите од последните студентски избори ќе ја бара со необрзувачки студентски референдум. На овој начин тие сакаат вистината да излезе на виделина по последните, како што велат, нелегитмни студентски избори и интервенирањето на ЕБРД врз Студентскиот пленум .

06122014202223_studenti
На референдумот ќе се гласа на сите 23 факултети при УКИМ, а прашањето на кое ќе се одговара со ДА и НЕ гласи: „Дали СПУКМ треба да остане невладина организација или дел од УКИМ“. Студентските изборни комисии ќе бидат составени од волонтери , а ќе се одржи и кампања.


Пленумот потенцира дека СПУКМ и натаму останува нелегитимен претставник на студентите, а последните избори се неважечки.

Слични содржини