Турски полицајци и специјални единици спровеле операција за апсење на учесници во обидот за државен удар, кои се наоѓале во воздухопловната база во провинција Коња.

1468776809-arest

 

Според телевизискиот канал „Хабер Турк“, за време на операцијата се користени водени топови.

Полицијата и специјалните единици влегле во воената база со наредба за задржување на некои офицери осомничени за вмешаност во обидот за преврат.

Употребата на водени топови може да значи дека на полицијата и бил даван отпор. Според достапните податоци операцијата во базата е под контрола, пренесе ТАСС.

Според АФП, избиле судири меѓу учесниците во обидот за преврат во Турција и силите за безбедност. Агенцијата цитира претставник на властите во Турција.

Турската армија дала предупредувачки истрели крај аеродромот „Сабиха Ѓукчен“ во азискиот дел на Истанбул, пренесоа АП и Ројтерс.

Поддржувачите на неуспешниот пуч не одговориле на пукањето, се спроведуваат апсења, прецизира Ројтерс.

 

Слични содржини