Светска банка: Јавниот долг е дуплиран од 2008 година и се очекува да се зголемува и во иднина

од desk3
73 прегледи

Економскиот раст од 3,2 % е висок, но темпото е  забававено. Извозот е стабилен, трговскиот дефицит е намален. Потребен е голем скок и долги години за да го достигнеме европскиот стандард – стои во последниот извештај на Светска банка.-пишува 24 Вести.

svetska-banka

Јавниот долг е дуплиран од 2008 година и се очекува да се зголемува и во иднина. Дефицитот е зголемен. Македонија има простор да се задолжува, но прашањето е за што ќе се трошат парите.

“Кој е квалитетот на задолжувањата? Доколку одредена земја се задолжува за да создаде нова вредност, за да отвори нови работни места, поттикне екононмски раст и развој тогаш таквите задолжувања се продуктивни и добри. Доколку државата се задолжува за да исплаќа плати во јавниот сектор, тогаш секако таквите задолжувања не се продуктивни“, изјави Горан Тиниќ, в.д директор Светска банка

Невработеноста продолжува да се намалува, но долгорочната невработеност кај младите со 47 % останува една од највисоките стапки во Европа. Кредитниот раст забрза, но нефункционалните кредити кај компаниите се на високо ниво. По три годишна стагнација се намалува и сиромаштијата.

 

Повеќе ТУКА