Битолскиот градоначалник Владимир Талески, првоосомничен во случајот „Транспортер“, денеска, точно во 12 часот, со полициска придружба беше донесен во просториите на Специјалното јавно обвинителство, каде треба да даде исказ околу злоупотребите на школскиот превоз во Битола за кои е осомничен од СЈО.

vladimir taleski

Талески влезе придружуван од неговиот адвокат Никола Додовски и не даде никаква изјава. Игнорирајќи ги новинарските прашања околу тоа дали се чувствува виновен, тој само влезе во зградата.

Полициска акција и претреси во Велес, Неготино, Скопје и Гевгелија

Засега не се знае колку време ќе трае распитот на Талески, но според нашите информации, од исказот што ќе го даде ќе зависи ставот на СЈО околу продолжувањето на куќниот притвор кој му истекува утре.

Специјалното јавно обвинителство ги товари Талески и уште 22 лица за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, тешки 360.000 евра, во случајот „Транспортер“.

 

META

Слични содржини