Во полициска акција која се одвивала во текот на вчерашниот ден па се до утринските часови од Одделот за сузбивање сериозни криминал при МВР, извршени се претреси на повеќе локации во Велес, Неготино, Скопје и Гевгелија.полиц

Како што потврдија за МИА од МВР, акцијата е извршена поради основи за сомневање за сторени повеќе кривични дела злосторничко здружување, разбојништва, лажно претставување, неовластено производство и пуштање во промет дроги, психотропни супстаници, криумчарење мигранти и злоупотреба на службена положба.

Според првичните информации, осомничени се и полициски службеници од СВР Велес. 

Во акцијата има приведени лица. Повеќе детали за акцијата од МВР најавуваат во текот на денот

Слични содржини