Макрон: На Украина треба да и се дозволи да уништува воени објекти во Русија

од Milan1
293 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон се заложи Киев да добие дозвола да изврши напади врз воени објекти на територијата на Русија од каде што руските сили ја гаѓаат украинската армија.

Испораките во Киев на оружје со долг дострел, способно да ги уништи руските воени објекти, не претставуваат ескалација на конфликтот, додаде тој на прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Не сакаме ескалација во Украина… Но, како можеме да испорачаме оружје на Украина и да кажеме не можете да го користите за заштита? На Украина треба да и се дозволи да уништи воени објекти на територијата на Русија од каде што пукаат руските сили. Тоа не е ескалација“, рече Макрон.

Слични содржини