Полицијата повторно ја посетила зградата каде во средата е најдено беживотното тело на застреланиот Коста Крпач-јави Телма . Синоќа околу 22.30 часот е пријавено дека стан кат подолу од оној на Крпач бил обиен. Вратата била оштетена и насилно отворена, а внатре во станот каде што немало никој разбојниците превртувале по работите најверојатно барајќи накит и злато. Компјутерите и вредните технички работи останале во станот.

timthumb

Од полицијата потврдија дека стан на булевар Теодосиј Гологанов е обиен и дека се истражува тешката кражба. Првичните информации кои Телма ги доби од соседи се дека грабежот нема поврзаност со трагедијата на Крпач, иако истрагата уште не соопшти детали и за смртта на сведокот на СЈО, ниту пак ја завршила истрагата за разбојништвото.

Обиениот стан се наоѓа еден спрат подолу од станот на застреланиот Крпач. Тој стан и денеска беше затворен, а на спротивниот паркинг се уште стои комбето во кое завршиле најмалку три куршуми испукани од станот на Крпач. Празнично нема нови информации од специјалното обвинителство кое тврди дека починатиот е сведок во предистражна постапка на СЈО ниту од основното обвинителство кое го истражува случајот.

Одземени 7 компјутери на Крпач?

Во станот на Крпач се направени два претреси (по барање на СЈО со наредба одобрена од суд). Според  информациите до кои дојде Телма во станот се најдени 7 компјутери  кои се одземени за анализа. Од СЈО соопштија дека Крпач бил сведок кој сам се пријавил и дека имаат информации дека Крпач бил под силен притисок. Истрагата на основното јавно обвинителство не соопштува дали ги побарала тие информации од колегите во СЈО.

Дали Крпач  е спомнат во тефтерот на началникот на 5-тата управа за следење на СЈО?

 

Повеќе ТУКА

Слични содржини