Уапсен маж од Бугарија, ја истепал својата поранешна сопруга од Скопје

од Milan1

Денеска, во 00.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода 46-годишниот Н. И. Ц. од Република Бугарија затоа што на 6.5.2024 во 21.30 часот, по претходна расправија, физички ја нападнал својата поранешна 43-годишна сопруга од Скопје, при што употребил и тврд предмет, извести МВР.

– По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Слични содржини