Темелковски: Со гасификацијата на Кисела Вода инвеститорите ќе добијат евтин енергенс

од desk2
79 прегледи

Кандидатот за градоначалник на Кисела Вода Филип Темелковски денеска ја презентираше програмата по која ќе работи во неговиот мандат, а во која клучен сегмент од нејзината економска промоција зазема гасификацијата.

– Со гасификацијата на Општина Кисела Вода сите потенцијални инвеститори и домашни и странски ќе добијат евтин енергенс, рече Темелковски.

Информираше дека преку локалниот економски развој планираат учество на сите економски саеми како меѓународни така и домашни за промоција на економските зони кои се на територијата на Општина Кисела Вода. Тој вети подобра патната инфраструктура со која, како што рече, ќе бидат атрактивна општина за инвеститори.

Како локална власт, Темелковски рече дека ќе го превземат проектот од централно ниво за младинската гаранција, каде што секој млад човек по неговото завршување на образование ќе има неколку можности.

Слични содржини