118
САД имаат отворени канали за комуникација со Северна Кореја и истражуваат дали режимот е подготвен да пристапи кон преговори за откажување од нуклеарната програма, изјави денеска американскиот државен секретар Рекс Тилерсон за време на неговата посета на Кина.
– Се обидуваме, останете вклучени. Баравме, имаме линии за комуникација со Пјонгјанг. Не сме во мрачна ситуација, имаме два-три отворени канали кон Пјонгјанг. Можеме да разговараме со нив и веќе разговараме, истакна Тилерсон пред новинарите во Пекинг по разговорите со кинеските високи претставници.
Запрашан дали Кина е посредник во контактите, тој одговори дека САД имаат сопствени канали.