Трагедија! Уште еден фудбалер почина во сон

од Vladimir Zorba

Томас Родригез, фудбалер на Тур во Лига 2, бил пронајден мртов, соопшти Фудбалската лига во Франција.

„Натпреварот помеѓу Тур и Валансиен, закажан за 9 март, беше одложен. Ќе има едноминутно молчење во секој дуел од Лига 1 и Лига 2 оваа сабота и недела“, потврдија од раководството на Фудбалската лига во Франција.

18-годишниот дефанзивец Родригез бил пронајден мртов во кревет во петокот наутро, објавија медиумите во Франција.

Ова се случува само пет дена по смртта на 31-годишниот Давиде Астори од Фиорентина. Тој, исто така, беше пронајден мртов во хотелска соба во Удине, пред натпреварот во Серија А помеѓу Удинезе и Фиорентина.

Слични содржини