94
Почист воздух и животна средина во метрополата- визија на кандидатот за градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, доколку по трет пат ја добие довербата од граѓаните на локалните избори. Вели, и во изминатиот период преземал мерки за подобро здравје на граѓаните. Рече дека досега се изградени 330 илјади квадратни метри зелени површини и се засадени 256 илјади дрвца. Трајановски изјави оти сака да продолжи со спроведување на мерките против загадувањето и за подобрување на амбиенталниот воздух.
Трајановски вели ќе го обнови и зеленилото покрај реката Вардар, ќе изгради и нови патеки за трчање. И за реката Серва најави зелен појас.
Кандидатот за градоначалник за Град Скопје, Трајановски, изборната кампања за локалните избори ја почна од Ново Лисиче, каде што вели дека се наоѓа најголемиот изграден парк во Скопје со површина од 100 квадратни метри за спречување на загадувањето.