Кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД, Доналд Трамп, вети на средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека ќе го признае Ерусалим за “неделив главен град на Израел”, ако биде избран.
Нетанјаху се сретна насамо со Трамп во неговиот стан во “Трамп Тауер” ден пред милијардерот да се соочи со противник од демократите, Хилари Клинтон за прва претседателска дебата. Подоцна Нетанјаху се сретна и со Клинтон.
“Трамп призна дека Ерусалим е вечна престолнина на еврејскиот народ повеќе од 3.000 години, како и дека САД, под администрацијата на Трамп, конечно ќе го прифатат Ерусалим за интегрална престолнина на Државата Израел”, изјавија во соопштението од кампањата на Трамп .
Израел го зазема арапскиот, источен дел на Ерусалим, за време на арапско-израелската војна во 1967 и го анектира во 1980, прогласувајќи ги сите делови на градот за обединета престолнина. САД и повеќето членови на ОН не ја признаваат анексијата и сметаат конечниот статус на Ерусалим да биде решен за време на мировните преговори со Палестинците. Конгресот на САД усвои декларација во октомври 1995 година, со која го повикува Ерусалим да биде прогласен за престолнина на Израел и амбасадата да биде пренесена од Тел Авив, каде е во моментот, во Ерусалим. Никој претседател на САД – независно демократ или републиканец – не ја примени реално декларацијата. Канцеларијата на премиерот Нетанјаху изјави дека израелскиот амбасадор во САД, Рон Дермер и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, биле присутни на средбата, пишува израелскиот весник “Хаарец”. Во соопштението од канцеларијата на Трамп се истакнува дека кандидат претседателот на САД му ветил на Нетанјаху дека САД ќе обезбедат на Израел “стратешка, технолошка и воена соработка”, ако биде избран. Трамп разговарал со израелскиот премиер и искуството на Тел Авив во изградбата на ѕидови, мислејќи на изградениот ѕид во Западниот Брег, широко критикуван од меѓународната заедница. Самиот Трамп вети изградба на дополнителен ѕид на веќе постоечките огради на границата меѓу САД и Мексико.