Во вечерашниве (контра ) протести  тројца повредени од  тврди предмети на двете страни. Инцидентот се случил  откако од двете страни почнале да се гаѓаат со камења. Двајца се пренесени во ургентен центар , а на третиот кој бил удрен во нога укажана му е помош на самото место240944-670x347

Тензиите во Бутел за сега не запираат , и обидот  за судир  на коалиционерите  и нивните приврзаници, ДУИ и ВМРО ДПМНЕ. И покрај присутноста  на полицијата има напнатост меѓу демонстрантите.Сепак полицијата ја контролира ситуацијата.

 240945-670x347

Инаку пред каменувањата на околу 500 метри од местото на темелникот за крстот во Бутел, вечерва почна да се собира група Македонци на контрапортест. Полициско обезбедување не им дозволува  спојување на групите  и со тампон зона не дава да стигнат до кружниот тек.

Таму кампуваат приврзаници на ДУИ во знак на протест против поставувањето на крстот. ВМРО ДПМНЕ со свои приврзаници  оди на контрапротест на истата локација.ТАму бил и градоначалникот Латиновски кој потоа се повлекол. Полицијата е тампон зона меѓу демонстрантите.

Слични содржини