Заменик премиерот на Турција Нуман Куртулмус изјави дека Анкара стравува од прилив на уште 600.000 бегалци поради жестоките борби околу Алепо во Сирија.

syria-turkey-border-guard

„Најлошото сценарио кое би можело да му се случи во овој регион е за кратко време да дојдат нови 600.000 бегалци на турската граница.“, изјави Куртулмус.

Тој рече дека приоритет на неговата земја е да ги задржи Сиријците кои бегаат од судирот внатре во границите на неговата земја и таму да им се пружи помош.

Во изминатите денови десетици илјади Сиријци стигнаа на границата со Турција бегајќи од судирот во Алепо, а Турција веќе четврти ден ја држи границата затворена и уште не се знае дали ќе им дозволи на бегалците да влезат.

Слични содржини