10363332_10154688477494466_3504852498303249668_nПоглаварот на МПЦ г.г. Стефан заедно со свештенството ги освети темелите на новиот 50 метарски крст, а ќе се гради на кружниот тек во населбата Бутел.

На осветувањето беа присутно градоначалниците на Бутел Гази баба и Скопје и доп. зам.министер Диме Спасов.

27547golema
Иако ДУИ утрово собра народ во Чаир и се обидоа да го блокираат одржувањето на светењето, тие беа попречени од полицијата која беше распоредена во целата околина на местото на светењето.
Крстот ќе се гради на вркстувањето на улицата „Боца Иванова“ и улицата „Александар Урдаревски“.

butel-krst_0

Крстот е реплика на оној од општината Аеродром, ќе биде монтажен, висок 51 метар, широк 4 метри, со распон на краците од 34 метри, врз постамент од 5,5 метри и фрески на дванаесетте свети апостоли. На крстот ќе биде изведена инсталација за енергетска самоодржливост, а местото околу крстот ќе биде хортикултурно уредено. Крстот треба да биде изграден најдоцна за два месеца.
Изработката на проектната документација, како и трошоците за поставување и изведување на крстот е донација од правни и физички лица. Воопшто не се користат буџетски средства од општината, Градот или Републиката. По изградбата, крстот ќе биде предаден во сопственост на општината Бутел.
Инцијативата за изградба на крстот е поднесена од Светскиот македонски конгрес на 18 февруари 2016 година до Советот и градоначалникот на Општина Бутел. Советот ја донесе одлуката на 23 февруари, а градоначалникот го издаде одобрението за градба на 25 февруари.
Чинот на осветувањето ќе го изврши поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан архиепископ охридски и македонски, со свештеници од Скопската епархија.
Претходно во О. Чаир без дозвола беше поставен споменик Орел, по инцијатива на борците на ОНА , а при откривањето пристсутвуваше највиското раковдтвсо на ДУИ. Вакви политички креирани настани се случуваа и во минатото особено пред избори, а најчист пример беше законот за бранителите, кога наводно ВМРО-ДПМНЕ сакаа да го донесат а ДУИ бојкотираа. Подоцна имаше избори, а колаицијата остана неразделна. Претходно истото сценарио беше реализирано од владејачките партии со настаните на скопското Кале.
Фотографии од ФБ профилот на Мухамед Зекири

Слични содржини