Првиот автобус со бегалци кои сакаат да ја напуштат Унгарија и да одат во Австрија или Германија што го пушти унгарската влада, пристигна на унгарско-австриската граница на граничниот премин Хегешхалом-Никелсдорф, пренесоа агенциите.
Мината ноќ Унгарија позајми околу 100 автобуси, кои одведоа илјади бегалци од централната станица на Будимпешта на границата, како и бегалците кои одеа пеш назад. Унгарските властите попуштија пред барањето на бегалците кои во четвртокот се судрија со полицијата.
Во 01,40 часот локално време автобуси зедоа бегалците кои чекаат со денови пред централната станица во Будимпешта и се насочија кон границата.
Малку потоа во автобусите почнаа да влегуваат и мигрантите кои одеа покрај автопат во насока на Австрија. Според различни извори тие се меѓу 1.200 и 2.500 луѓе.
Виена и Берлин најавија ноќеска дека ќе прифатат овие бегалци.
Во еден од автобусите бегалците сепак сеу ште се прашуваа дали одат во Виена или во бегалски камп, исплашени од она што се случи во четвртокот. Тогаш воз, која требаше да оди на границата, застана во реонот на градот Бичке каде има бегалски камп и унгарските власти се обидоа да ја префрлат бегалците таму. Тогаш дојде до протести и судири.
Но синоќа бегалците во автобусите ја слушнаа веста за одлуката на Австрија и на Германија да ги прифатат и се израдуваа, пренесува новинар на Франс прес, кој патувал со првиот автобус. Млад Сириец од Дамаск му рече на новинарот дека најпосле гледа Дунав, за кого има слушнато толку многу и дека глетката е неверојатна.
Австрија очекува пристигнат меѓу 800 и 3.000 бегалци со десетици автобуси, рече портпаролот на австриската полиција Вернер Фашинг.
Екипите на Црвениот крст беа подготвени да ги прифатат бегалците. Во реонот на Никелсдорф се обезбедени 600 легла за новопристигнатите. Мигрантите можат да поднесат барање за азил во Австрија, изјави Фашинг.
Австриската влада во согласност со германската влада вели дека нема да се обидува да го попречува мигрантите кои минуваат транзит низ земјата, за да отидат во Германија и таму да побараат азил.
Фотограф на Ројтерс пак тврди дека десетици мигранти веќе влегле во Австрија, наведува БТА.
Германија може да се справи со рекордниот прилив на бегалци и мигранти оваа година и без да ги зголеми даноците и без изложува на опасност цел за балансиран буџет, изјави канцеларката Ангела Меркел во интервју објавено денеска во голем број германски весници, пренесе Ројтерс.
Со својата релативно либерална политика за азил и со дарежливта и помошта Германија е најголемиот “домаќин” во ЕУ на луѓето кои бегаат од војните во Блискиот Исток и Северна Африка но и од сиромаштијата во источна Европа. Германија очекува во земјата оваа година да дојдат 800 илјади кандидати за азил. Само во август во Германија влегоа рекордни 104.460 кандидати за азил.
Поради овој прилив Владата планира да воведе дополнителен буџет, за да се ослободат средства за бегалците и да им се помогне на градовите покрај границата, на кои веќе им недостигаат финансии за прифаќање, згрижување и пружање медицинска нега на новодојдените.
“Нема да ги зголемиме даноците. Имаме уште простор за балансирање на буџетот без да правиме нови долгови”, уверува Меркел.
Таа истакна дека Берлин е во добра буџетска позиција, што го прави полесно да се справи со неочекуваните обврски и должности. Таа потсети дека сега бегалската криза е приоритет број еден на германската влада.
Виќендов се очекува коалицијата на Меркел да договори серија мерки, вклучувајќи и намалување на бирократијата, за да се зајакне темпото на изградба на нови засолништа за бегалците, да се забрзаат постапките за азил и да се зголемат средствата на федералните покраини и градови .