Здружението на новинарите и синдикатот на новинарите   нема да бидат  дел од подмолната игра на ВМРО – ДПМНЕ која ги повика новинарските здруженија и невладините организации да достават предлози за реформите во медиумската сфера велат  првите луќе на  ЗНМ и ССНМ.

медиуми

Претседателот на Здружението на новинарите Насер Селмани, го оцени како несериозен повикот на ВМРО-ДПМНЕ,кои  никогаш не покажала интерес да ги ислушаат нивните предлози и во отсуство на политичка волја за решение, сега го користи граѓанскиот сектор за да избегне одговорност. Здружението на новинарите ја повика ВМРО-ДПМНЕ да преговара сериозно со посредство на Ванхауте и да се изнајде решение според предлозите на белгискиот експерт. Селмани изјави дека ги поддржува предлозите на Ванхојте, бидејќи тие се на линија со барањата на ЗНМ.

„За нас е несериозно. Ако ВМРО-ДПМНЕ сериозно би била заинтересирана да ги слушне нашите предлози, тие имаа можност да учествуваат на 3 настани, но ги бојкотираа… Ова е перфиден обид да не вклучат во битка што не е наша, ВМРО се обидува да го искористи граѓанскиот сектор во судирот што го има со г. Ванхауте. Ние на никаков начин не треба да бидеме дел од оваа нечесна битка. Ние ќе стоиме цврсто на страната на г. Ванхауте, не поради него, туку поради тоа што неговите предлози се на иста линија со нашите“, рече Селмани за Алсат М.

Од Самостојниот синдикат на новинари  порачуваат дека ја сваќаат „мановската“игра на ВМРО ДПМНЕ, но  ако веќе сакаат предлози еве им вистински предол кој го игнорираат и од кој се плашат а тоа новиот  Колективниот договор за медиумската индустрија. Тоа е вистиснко решение и за професионалноста и за достоинство во професијата и за сите новинари и медиумски работници. За ССНМ тоа почетокот и основата на борбата за професионални и независни од притисоци  медиуми. Ако сакате закон еве ви закон  , само да видиме дали и ќе го отворитем, прочитате или барате нешто друго, велат синдикалците. Немаат дилема дека стојат зад сите предлози на  Ванхауте.

Од МАН сите бараат , но ненема одговор кои се нивните позиции во однос на реформата во медиумската сфера. Претходно МАН преку соопштение посочија дека решенијата за МРТ се кројат зад затворени врати во Клубот на пратеници со посредништво на Питер Ванхауте, каде не се разгледуваат стручни и меѓународни примери и искуства, туку се разгледуваат предлози кои ги застапува СДСМ преку ЗНМ. Мановци  се во паника , си прават дебати сами со себе и лидерот им држи монолози на ТВ, обидувајќи се да спојат и мобилизират се што е партија, членство од провладини медиуми во пакет против предлозите на Ванхауте . МАН се плашат и од она   клучното дека се прочитани дека се „приватно друштво“  а не вистински организирано по закон новинарско здружение,  дека се по мерка на газдите и политичката власт, и најверојатно поради тоа се се поблиску до партијата на власт отколку до новинарската фела.

Од ЕК одбиваат да коментираат детали околу напорите на ЕУ во преговорите.

По неуспешниот состанок во петокот, се очекува  од утре  работната група за медиумите да ја интензивира работата и да се усогласат решенија за законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и МРТВ

Слични содржини