Најверојатно утре ќе се одржи втората координативна средба на која треба да работи на нов Закон за високо образование e закажана за утре.

rektorat_0

Првата средба се одржа пред една недела, кога на инсистирање на Студентскиот пленум истата се случи на академско тло, во Ректорат, а присуствуваа ректорот Велимир Стојковски, претставници на ресорното министерство на чело со министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми, сенатори, членови на Студентскиот и на професорскиот парламент, но и вице-премиерот Ставревски и претседателот на СПУКМ.

И покрај тоа што средбата траеше повеќе од четири часа, на истата не беше договорено ништо конкретно, односно беа прифатени рамковните барања на Студенткиот пленум за нивното учество во таквата Работна група.

Така, потребно е дополнително преговарање околу модалитетот на работа на Работната група, и следната средба треба да се случи на почетокот на ова недела.

Барањата и активностите на Студентскиот и на Професорскиот пленум единствено се насочени кон изработка на целосно нов текст на Законот за високо образование.

Слични содржини