За недела, кога семејството, роднините и пријателите на деветгодишното девојче ќе го посетат незиното вечно почивалиште по седум дена од смртта, во Велес на мирен протест во Младински парк ќе се соберат мајки, баби, тетки и дади-информира интернет порталот ДУМА.

tamarea

Денеска пак ново писмо и нова вест стигна до семејството Димовски по три дена од смртта на деветгодишната Тамара. Фондот за здравство, кој поради актуелноста на случајот морал да знае дека девојчето почина, им испрати писмо на Димовски во кое ги информира дека нивната ќерка може да се оперира во странство. Тоа им создаде нова болка на родителите кои деновиве освен тагата по прерано починато дете ги преболуваат и изјавите од здравствените институции и министерот Никола Тодоров кои се оградуваат од одговорноста за смртта на Тамара.

За мајката Жаклина сега документот нема никаква важност и значење освен што дополнително ја повреди. Таа парчето хартија единствено смета дека може да го однесе на гробот на керката. Таму наједноставно ќе можат да се споредат датумите на донесената одлука на Фондот и бројките напишани на крстот што го означуваат датумот на смртта на Тамара.

Извор: ДУМА

Слични содржини